Бочварски: Ќе се реконструира патот Охрид – Ресен преку Галичица

Сподели

 

“Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен. 

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти. 

“Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот, истакна министерот Бочварски.