Денес претседателот на Собранието Талат Џафери оствари средба со претседателот на Владата Зоран Заев, пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања.
На средбата се разгледаа сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието. Се оставаат на разгледување на парламентарните процедури и заедничка констатација е дека „Парламентарната дебата останува во Собранието, помеѓу Пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието.
Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа.
Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто.