Русија започнува со производство CoviVac, трета вакцина против ковид-19

Сподели

 

После Спутник V,  Москва даде итно одобрување за уште две вакцини, EpiVacCorona и CoviVac.

„Третата руска вакцина ќе се појави во нашите региони во наредните денови“, се вели во соопштението на руското Министерство за наука и високо образование. Се планира производство до 10 милиони дози вакцини годишно, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за наука, Валери Фалков рече дека започнала третата фаза на тестирање на вакцините.

Директорот на Центарот, Чумаков, рече дека сите фази на истрагата ќе бидат завршени во рок од половина година, објави Интерфакс.