По увидот на епидемиолошката состојба, Комисијата за заразни болести одлучи дека нема да има дополнување на мерките за заштита од коронавирусот.
– Комисијата за заразни болести по увидот во епидемиолошката состојба во државата, во моментов, одлучи да нема дополнување на мерките. На сила остануваат веќе донесените мерки за заштита од вирусот.
Мерката за полицискиот час што е во сила во период од 22 часот навечер до 5 часот наутро, трае до 6 април.