Прогласувањето на дел од Шар Планина за Национален парк на усвојување во Собрание

Сподели

 

Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.

„Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес,“ информираат од Влада.