Британскиот парламент затворен поради „хемиски инцидент”

Сподели

Houses-of-Parliament-in-central-London

Полицијата ја затвори зградата на парламентот на Велика Британија, а причината е „хемиски инцидент“ во објектот.

Како што јавуваат светските медиуми, се истражува „бел прав“ кој предизвикал паника во Лондон.

Претставниците на Домот на лордовите се затворени а терасите на Вестминстер, додека внатре се истражува за каков бел прав се работи.

Исто така, затворени се вратите и прозорците, а има луѓе кои се затворени на терасата на покривот на објектот.

meta.mk