Утрово, во 6 часот и 15 минути, е регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Епицентарот бил на 65 километри југозападно од Скопje, со локална Рихтерова магнитуда ML 2,9.
„Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.