Пендаровски: Приватните здравствени установи да се откажат од профитот и да помогнат

Сподели

 

“Сакам да упатам и еден личен апел, да ги повикам приватните здравствени установи да ја разгледаат можноста да се откажат од профитот за да ги направат нивните услуги подостапни за инфицираните од Ковид-19 и ако за тоа има потреба, да го упатуваат и својот медицински персонал на работа во јавните здравствени установи. Убеден сум дека во време на големи колективни страдања не треба ничии семејни несреќи и трагедии да ги користиме за лична добивка и делење дивиденди” – изјави претседателот Стево Пендаровски .