Џафери упати честика по повод почетокот на светиот месец Рамазан

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан и припадниците на исламската вероисповед:

“Ми претставува чест од свое име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги носи празникот, топлиот збор и хуманите дела се вселат во нашите домови, нашите срца не само овој месец, туку нека зрачат секогаш и секаде каде за тоа има потреба, луѓе сме и сами сме немоќни, заедно, можеме многу.

Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја.

Нека е честит почетокот на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба”, упати честитка, Талат Џафери.