Институтот за комуникациски студии – Скопје и редакцијата ДОМА, во рамките на проектот Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество – објавува конкурс за учество на јавноста во активностите на ДОМА како дел од кампањата „Разбистри сè!“– кампања за застапување и лобирање.
Целта е јавноста преку креативни аудиовизуелни проекти и граѓанско новинарство, да презентира еколошки проблеми на локално и национално ниво кои се поврзани со целите на кампањата „Разбистри сè!“.
Правила за учество
Конкурсот е примарно наменет за млади креативци (средношколци и студенти) со интерес за креативно изразување и граѓанско новинарство. Овој конкурс не е наменет за професионални новинари, луѓе кои се бават професионално со новинарство, како и професионални продукции.
Видови на продукти
Конкурсот е отворен за следните видови на продукти:
- постер (дигитален формат)
- фотографија
- фотосторија (10 – 15 фотографии пропратени со соодветен објаснувачки текст до 300 збора)
- кратко видео (до 3 минути долго)
- инфографик (дигитален формат)
- пост или серија на постови наменети за социјални медиуми (ФБ, Инстаграм)
- видео блог (до 3 минути)
- блог (до 1000 збора)
Правила за пријавување
Заинтересираните учесници треба да испратат пишана предлог тема, работна верзија на сценарио или скица на официјалниот мејл domakjini@iks.edu.mk. Тимот на ДОМА ќе ги разгледа понудите и ќе ги контактира авторите по донесената одлука.
Тимот на ДОМА ќе понуди насоки и совети, но не и техничка или логистичка поддршка за изработка на одбраните продукти.
Конкурсот ќе биде отворен постојано, од 01.04.2020 год. па сè до завршување на кампањата „Разбистри сè!“
За секој одобрен производ, авторите ќе добијат соодветен финансиски надомест во зависност од продуктот.