АTS Груп донираше 5.000 скафандери за медицинскиот персонал во Чаир

Сподели

 

Општина Чаир стави на располагање на медицинскиот персонал во Чаир 5000 скафандери, донација обезбедена од компанијата АTS Груп.
 
 
 
 
Компанија ATS Груп предводена од г-дин Шефќет Демири, одново ја докажа нејзината подготвеност за да придонесе во зголемувањето на нивото на заштита на граѓаните, во соочувањето со вирусот Covid 19, донирајќи 5000 скафандери со вредност од 30 000 евра на Општина Чаир.
 
Градоначалникот Висар Ганиу ги покани денес за да им ја предаде оваа донација директорот за економски прашања на Здравствен Дом Скопје г-дин Бесим Кока, директорот на Гинеколошката Болница “Мајка Тереза” во Чаир г-дин Башким Исмаили и директорот на Институтот на медицината на трудот г-дин Алајдин Мемеди со искрена цел за давање на поддршка на медицинскиот персонал кој води херојска битка во соочувањето со вирусот Covid 19.
 
Тој изрази голема благодарност во името на граѓаните на Општина Чаир до раководството на компанијата АTS Груп за постојаниот придонес кој го даваат во служба на здравствената благосостојба на граѓаните.