Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 30 април, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
И вториот ден на Велигден, 3 мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.