Спасовски: Со акцијата “Бегалец”, уапсени над 400 криминалци барани со меѓународна потерница

Сподели

 

“По моето враќање во МВР стартуваше оперативната акција „Бегалец”, уапсени над 400 криминалци барани по централна или меѓународна потерница”, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Кон зголемување на безбедноста на сите наши граѓани, како наш врвен приоритет, продолживме и преку интензивните активности за приведување на криминалци барани по меѓународна и централна потерница.

Притоа, од септември до сега по разни основи 405 лица се лишени од слобода и спроведени во затворите за отслужување или доотслужување на затворската казна. Од нив, 67 се приведени во странство, а 338 во Република Северна Македонија“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на денешната седница на која на дневен ред беше неговата интерпелација на предлог на неколку пратеници од опозицијата.