Охриѓани за пример – одзивот за вакцинација над 90%

Сподели

 

На привремениот вакцинален пункт во кругот на Општата болница, неколку дена, несметано се одвива масовната вакцинација на населението.

Вакцинацијата ја спроведуваат екипи на Здравствениот дом од Охрид, а во припомош е вклучена и екипа на Црвениот крст од Охрид. Тие го вршат прифатот на заинтересираните, на кои, покрај совет, им се дели и шишенце вода.

Од Здравствениот дом велат дека се презадовлни од односот на граѓаните, кои ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи, се придружуваат на воспоставениот ред.

Особено го нагласуваат големиот интерес. Според добиените списоци, процентот на лицата кои се одзвале, е поголем од 90 отсто, а се вакцинираат и лицата кои во мегувреме, надвор од списоците добиени од Скопје, обезбедиле термни преку матичен лекар. Граѓаните возвраќаат со благодарност и љубезен однос од медицинскиот персонал.

Лекари специјалисти вршат преглед и консултации, медицински сестри на смени, ја извршуваат непосредната вакцинација, а на секој вакциниран, поединечно или во помали групи, му се објаснуваат евентуалните реакции и што треба да се превземе.

Дневно се вакцинираат по околу 200 граѓани, сите добиваат картонче со закажан термнин за ревакцинација.

По Велигденските празници, екипите за вакцинација се селат во Големата дворана на Спортскиот центар “Биљанини извори”, каде е подготвен регионален пункт за општините Охрид, Струга, Дебар и Дебрца. 

Веле Митановски