Изложба на Петра Јовановска и Рафаел Ристовски

Сподели

 

На уметничката платформа за визуелни онлајн изложби од денеска,7 мај,  до 23 мај, како и на веб и на фејсбук-страниците, ќе биде поставена самостојната визуелна изложба „Живот во кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска и на младиот автор Рафаел Ристовски.

Петра Јовановска е родена во 1972 година во Чешка, а дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Реализирала 48 самостојни изложби низ Европа, а учествувала на претставувања во: Франција, Германија, Хрватска, Полска, Р. Чешка итн.

Рафаел Ристовски е студент на УКИМ – Скопје, а има учествувано на двесетина групни изложби во земјава, но и во Хрватска, Романија, Мексико.

Ликовното претставување е поддржано од Министерството за култура и од Амбасадата на Чешка.