Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14 во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.