МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.
Температурата ќе се движи од 5 до 28 степени.
Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.