ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд на северот со услови за пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.

 

 

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.