Зелената партија ДОМ го честита 24 Мај – Денот на браќата Свети Кирил и Методиј

Сподели

 

Зелената партија ДОМ го честита 24 Мај – Денот на браќата Свети Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со своето творештво имаа пресудно влијание врз описменувањето и културниот развој на сите Словени. Нивната дејност и дела, како и создавањето на првата азбука на старословенски јазик-глаголицата, влијаеле и врз создавањето на кирилицата, како основа за дефинирање на македонскиот јазик и писмо. Светите браќа Кирил и Методиј поради својата просветителска мисија се наречени и апостоли на Словените, и поради нивните заслуги во однос на ширењето на писменоста во lX век, папата Јован Павле II, во 1980 година ги прогласува и за ко-покровители на Европа.

На овој ден го чествуваме нивното големо дело што е од непроценливо значење за нашиот јазик, писменост и културно издигнување.