Добрила Кацарска е новиот претседател на Уставниот суд. Таа е избрана со дво-третинско мнозинство на деветмината уставни судии, со тајно гласање.
Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат. Нема право на реизбор.
Кацарска беше избрана за уставен судија во ноември 2020-та по предлог на Судскиот совет. Беше судијка во Кривичниот суд од 86-та година.
Во предметот „Тенк“, донесе осудителни пресуди за Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски поради набавката на скапиот блиндиран мерцедес.