Тројца уапсени по несреќата на жичницата во Италија

Сподели

 

Три лица се уапсени утрово поради поради падот на кабината од жичницата кај езерото Маџоре во северна Италија во неделата, при што загинаа 14 лица, пренесува мета.мк.

Според обвинителката Олимпија Баси, уапсени се 56-годишниот сопственик на компанијата чија била жичницата, 63-годишниот директор на жичницата и 51-годишниот инжинер Енрико Перокио, поради намерно онеспособување на сопирачката за итни случаи. Според обвинителството, тоа го сториле за да се прикријат одредени дефекти. Сопирачката, да била активна, ќе ја сопрела работата на жичницата.

Несреќата се случи во неделата во италијанскиот регион Пиемонт. Во кабината имало 15 лица, а кабината за време на несреќата се движела од градот Стреса кон планинскиот врв Мотароне. Едно дете ја преживеа несреќата.

Уапсените ја признале вината. Мотивот бил да се спречат постојани прекини на работата на жичницата, објасни обвинителката Баси

Сопирачката требал да спречи кабината да падне ако кабелот пукне. Но до тоа дошло, а безбедносниот уред бил деактивиран. Засега се непознати точните причини за прекинување на кабелот.