ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=8

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. T= 28 °C, P= 979 hPa, U= 38 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).