Инспекторатот изрече казни за нелегални отпади во Струмица и Куманово

Сподели

 

Физички лица, кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште – се парично казнети и задолжени да ги расчистат локациите, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

 

Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции.

 

 
Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица.
Вакви акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад.