МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7.
Температурата ќе се движи од 8 до 30 степени.
Утре, петок, ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.