Во Русија започна вакцинацијата на животни против коронавирусот изјави денеска советничката на директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор Јулија Мелано, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
„Првите испораки на единствената вакцина против коронавирус за животни во светот ‘Карнивак-Ков’, развиена од руски научници, пристигнаа во руските градови, со цел да се спречи ширењето на заразата меѓу животните“, изјави Мелано.
Русија, во март месец објави дека ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19 за животни, откако тестовите покажале дека таа создава антитела против Ковид-19 кај кучиња, мачки, лисици и куни. Вакцината е развиена од Федералниот центар за благосостојба на животните и Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор.
Производителот на вакцината рече дека таа ќе може да ги заштити ранливите животински видови и да спречи вирусни мутации.