По 22 дена на Инфективната клиника излекуван е потполковникот вратен од Африка

Сподели

 

Потполковникот на АРМ, кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и се лекуваше на Инфективната клиника е сосема излекуван и од денеска е дома. По 22 дена поминати на лекување на Инфективната клиника, припадникот на АРМ кај кого беше детектиран нигериски сој на ковид-19, е оздравен.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша дека тој набргу ќе се врати меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

 

 

Потполковникот на Армијата на 12 мај годинава беше транспортиран во земјава, откако се заболе од ковид-19 во Централноафриканската Република каде учествувал како припадник во тамошната Европска мисија.