Евроамбасадорот Гир: На охридското крајбрежје нема место за дивоградби и треба да се отстранат

Сподели

 

На крајбрежјето на Охридското Езеро, нема место за дивоградби и тие треба да се отстранат за да се зачува природното и културно богатство на овој регион, објави Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир на твитер.

“Нелегалните градби немаат место покрај Охридското Езеро и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство на регионот – признаено од УНЕСКО – мора да се зачува. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние, исто така, инвестираме во работни места во угостителската индустрија денес и утре. #ВладеењенаПравото”

 

 

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, се заблагодари за поддршката од ЕУ во борбата со справувањето со дивоградбите и исполнувањето на препораките на УНЕСКО.

„Упатувам јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, за неговата силна поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето”, напиша Георгиески, како одговор на пораката на евроамбасадорот Гир.