Планирана беше дводневна посета на претседателот на САД, но поради последниот напад врз американски полицајци во Далас, беше скратена на еден ден ден
МАДРИД (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) синоќа пристигна во еднодневна официјална посета на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во Шпанија дојде по завршувањето на дводневниот Самит на НАТО во Варшава, а во Мадрид беше пречекан од страна на шпанскиот крал Фелипе VI.
Американскиот претседател би требало денес да се сретне со кралот и со премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.
Во попладневните часови, Обама ќе ја посети воената база Рота, во градот Кадиз на југот од Шпанија.
Обама е првиот американски претседател во последните 15 години кој допатувал во посета на Шпанија, а во вечерните часови треба да се врати во Вашингтон.
Планирана беше дводневна посета на претседателот на САД, но поради последниот напад врз американски полицајци во Далас, беше скратена на еден ден ден.
Поради тоа Обама мораше да ја откаже посетата на Севиља и ручекот предвиден за 11-ти јули.
Џорџ Буш беше последен кој ја посети Шпанија во својство на претседател. Посетата беше реализирана во 2001 година.