Tри и пол години затвор за актерката Силвија Стојановска

Сподели

 

Актерката Силвија Стојановска денеска е осудена на три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор. Пресудите се неправосилни.

Обвинението ги товари за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

„Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа”, стои во обвинителниот акт.

Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода, бидејќи и е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост, додека Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.