Регистрирани се 29 нови случаи, 34 оздравени пациенти и ниту едно починато лице

Сподели

 

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од:
 
• Скопје – 9
• Кичево – 5
• Куманово и Тетово – по 4
• Прилеп и Охрид – по 2
• Штип и Струмица – по 1.
 
Нема починати лица.
 
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:
 
• Скопје – 18
• Прилеп – 4
• Куманово и Тетово – по 3
• Битола – 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.