С.Македонија, Србија и Албанија на листата на ЕУ за „безбедни држави“ од ковид-19

Сподели

 

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ донесоа одлука Северна Македонија, Србија и Албанија да бидат ставени на листата на безбедни земји за ковид-19.

Препораката би требало да биде усвоена во петок кога и официјално ќе стапи на сила и тоа ќе значи дека жителите на трите земји ќе можат слободно да патуваат во ЕУ, пренесува РСЕ.

За да се добие статус на безбедна држава, мора да се евидентираат максимум 75 позитивни случаи на коронавирус на 100.000 жители во последните 14 дена во земјата.

Имено, претседателството на ЕУ, Португалија, состави список на земји чии податоци покажуваат можност за вклучување на овие земји во категоријата „безбедни земји“ во врска со пандемијата на ковид-19. Покрај трите земји од Западен Балкан, на списокот се и САД, Хонг Конг, Макао, Саудиска Арабија и Тајван.