ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе слави роденден со нова политичка стратегија “Македонија за сите луѓе”

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Античкиот театар во Охрид ќе го одбележи својот 31. роденден. Од партијата најавија дека свои обраќања ќе имаат генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој ќе промовира нова политичка стратегија – „Македонија за сите луѓе“. Ќе бидат промовирани и поинакви партиски обележја, во кои, освен стандардната црвена и црна боја, ќе има и други бои.

Новата политичка стратегија, „Македонија за сите луѓе“, според ВМРО-ДПМНЕ, ќе опфаќа јасна визија за идното делување и обраќање на оваа партија, како и повеќе активности на терен, со цел заштита на националните, општествените и државни интереси.