“Спутник В” е поефикасна во заштита од индискиот сој од другите вакцини

Сподели

 

Руската вакцина „Спутник В“ е поефикасна во заштита од индискиот сој на коронавирус од вакцините од другите производители, соопшти во вторник Рускиот инвестициски фонд, а пренесе ТАСС. 

Кон крајот на април шефот на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви таа вакцина, Александар Гинтсбург рече дека „Спутник В“ произведува доволно антитела за да се избори со индискиот сој на коронавирус.

Русија прва во светот на 11 август минатата година ја регистрираше вакцината против коронавирус. „Спутник В“ досега е одобрен во 60 земји.

Медицинскиот магазин „Лансет“ во февруари објави студија која покажува дека руската вакцина е ефикасна 90 отсто. Вакцината сè уште не доби одобрение за употреба од Европската агенција за лекови.