Нов македонски рекорд за Дрита Ислами на 400м. со пречки во Кипар

Сподели

 

Македонската атлетичарка Дрита Ислами, постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки и победи на трката на Европското првенствено – трета дивизија, која што се одржува во Кипар.

„57.53 секунди и прво место, што е еднакво на 1.095 бода според таблицата на Светската атлетика. Подобрување од повеќе од една секунда на претходниот македонски рекорд, 58,66, поставен токму од Дрита на 29 мај оваа година“, објави Атлетската федерација на Македонија.