Горан Пандев: Мојот сон се оствари!

Сподели

 

Со денешниот натпревар против Холандија на Европското првенство, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев се простува од националниот дрес.

„Секој меч за мене во репрезентацијата е емотивен и сигурно дека ова за мене ќе биде посебен натпревар. Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон, не само мој, туку на сите, се оствари“, изјави Горан Пандев.