Иконата Пандев го игра последниот меч: Има емоции, но знам како да се носам со нив

Сподели

 

Македонската фудбалска репрезентација денеска за последен пат игра со капитенот Горан Пандев против Холандија во Амстердам на ЕУРО2020.

 

 

Горан Пандев вчера официјално објави збогување со националниот дрес.

 

 

Во пресрет на денешниот дуел со Холандија, Пандев е на 121 настап и 38 голови за репрезентацијата, рекорд во двете категории.

 

 

– Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Среќен сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогување од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знам како да се носам со нив, изјави Пандев во Амстердам.

 

 

“Со најавата за повлекување на Горан од репрезентацијата, имаме мотив плус за позитивен резултат. Горан чувствуваше повреда на мечот со Украина, но го одигра со две инјекции, не тренираше, но ќе игра против Холандија. И верувам дека сите ќе играат за него”, порача селекторот Ангеловски.