МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ=9.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло, попладне со мала облачност и со слаб југозападен ветер. T= 38 °C, P= 977 hPa, U= 28 %, V= 3 m/s.
Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. УВ=9.
Температурата ќе се движи до 40 степени.