Додека членките на ЕУ се приспособуваат да се приклучат на заедничкиот систем на ковид пасоши, останатите земји ќе мора да се усогласат со принципите на Унијата и СЗО. Надлежните во регионот велат дека нема да биде едноставно да се формира единствен систем на ковид пасоши. Десетиците илјади граѓани од регионот кои се вакцинираа во Србија зелениот сертификат, доказ за вакцинација, можат да го добијат преку услугата за странци на интернет страницата на електронската управа или преку електронска пошта. Соговорниците во видео поткастот на Рес публика препорачуваат граѓаните сè уште да ги проверуваат ограничувањата во земјите пред да патуваат.
поткаст на Рес публика