Ким Јонг смени високи функционери поради „инцидент“ поврзан со коронавирусот

Сподели

 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун смени неколку високи функционери поради „сериозниот инцидент“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, јави утринава агенцијата КЦНА.

-Функционерите предзвикаа сериозен инцидент што создава огромна криза за безбедноста на земјата и нејзините луѓе , кажа Ким на состанокот на Политбирото, пренесува МИА.

Режимот во Пјонгјанг досега тврдеше дека епидемијата на коронавирусот не ја погоди Северна Кореја.

Во јануари 2020 година, Ким одлучи да ги затвори границите на Северна Кореја со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус што се појави во соседна Кина.