ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, “свесно кршење на Уставот и законите“.
Од опозициската партија апелираат надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор.
ВМРО-ДПМНЕ го највува овој чекор откако пред два дена претседателот на Собранието Џафери пред Комитетот за надворешна политика на ЕП се обрати на албански јазик.
Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.