Норвешка со закон им нареди на инфлуенсерите да го обележат „разубавувањето“ на фотографиите

Сподели

 

Норвешка усвои закон којшто е насочен кон уредувањето на фотографиите, кој треба да помогне во решавање на прашањето за сликата на човековото тело во општеството, пренесува мета.мк. Имено, законското решение им наложува на инфлуенсерите на социјалните мрежи јавно да го назначат „разубавувањето“ на фотографиите што ги објавуваат, односно уредувањето на нивните фотографии мора да биде наведено во постовите на Фејсбук, Инстаграм и на другите социјални мрежи.

Секакво ретуширање на фотографиите, додавање на филтер или друга форма на уредување на фотографиите од рекламните агенции, но и од јавни личности и инфлуенсери на социјалните мрежи, треба да биде наведено во изменетите слики во случај тие да се платени или да имаат било каква корист од таквата објава на социјалните мрежи.

Законот беше усвоен со огромно мнозинство од норвешкиот парламент, јавува „Хил“. Од норвешката влада напоменуваат дека уредувањето на фотографиите придонесува за притисок кон луѓето во однос на изгледот на нивното тело, при што законот посебен акцент става на тоа како се прикажуваат жените во општеството.

За да стапи на сила, новиот закон треба претходно да биде одобрен од норвешкиот крал.