На Кардиологија досега се изведени 100 ТАВИ процедури

Сподели

 

На УК Кардиологија досега се изведени стотина ТАВИ процедури, едни од најкомплексните во интервентната кардиологија. Оваа нова метода опфаќа минимално инванзивна нехируршка имплантација на аортни залистоци, кај пацинети кои имаат стеснување на аортниот залисток. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска посети пациенти на Клиниката кај кои е извршена методата ТАВИ, и за нивната здравствена состојба разговараше со стручниот тим која ја изведува методата д-р Зимбаков, д-р Бушљетиќ и неколку млади интервентни кардиолози кои се во фаза на интензивен тренинг.
 
 
 
 
Министерот Филипче и директорот на Клиниката д-р Зимбаков, денеска разговараа и околу тоа што дополнително треба да се направи за доопремување на еден дел од Клиниката, како би се подобриле условите за пациентите.
 
-Изминатиов период Клиниката доби опрема три ЕХО апарати, бидејќи тие се дел од секојдневната рутина за работа на Клиниката. Респираторни машини што досега ги немаше, специјален мобилен ангиограф, кој служи за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритмии, нешто што е навистина врвна метода насекаде во светот – истакна Филипче.
 
 
 
 
 
Министерот рече дека кардиолозите на Клиниката по којзнае кој пат покажуваат дека се стручни и спремни на пациенти да им пружаат врвна здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19. 
 
-Ковид центарот е спремен, дополнително опремен, сите се надеваме дека нема да треба, но може во кој било момент да биде активиран тука да се третираат пациенти, додаде Филипче.
 
Директорот на Клиниката, Жан Зимбаков рече дека при примената на оваа метода кај пациентите со специјално дизајнирани жици се влегува со пункција односно боцкање на пулмоналната артерија и се внесува валвулата.
 
 
 
 

-Оваа метода е неменета за пациенти со тешка аортна стеноза, тоа се тешки пациенти. Веќе можеме да кажеме дека рутински се работи. Тренд е во светот да се работат вакви интервенции и предноста е рана мобилизација на пациентите односно раздвижување на пациенти кои што наредниот ден ги активираме условно кажано се враќаат во нормален режим на живот. Се работи без општа анестезија значи само со блага седација кај пациентите со обезболување и нема потреба од отварање на градниот кош, односно екстра корпорална циркулација со што се намалува ризикот од компликации. Сите процедури до сега се успешно извршени, се надеваме дека понатаму трендот ќе биде таков ќе го задржиме и ќе се работат многу проекти – изјави денес директорот на Клиниката за кардиологија д-р Жан Зимбаков.