Владите на државите на Балканот со години тврдат дека ја сузбиваат корупцијата, но во реалноста, тој регион, вклучувајќи ги и балканските членки на Европската Унија, тонат во корупција, пишува германскиот весник „Фанкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ).
Германскиот весник тврди дека во пет од девет земји корупцијата се зголемила, а меѓу тие држави е и Македонија, но и Хрватска која е членка на ЕУ.
Според пишувањата на овој медиум, најлоша е ситуацијата во Албанија, која се стреми кон членство во ЕУ.
– Таму половина од испитаниците наведуваат дека најмалку еднаш во последните неколку години биле во ситуација да платат мито – пишува ФАЦ, а пренесува „Дојче веле“.
Во Македонија, пак, според весникот, 28 отсто од испитаниците се соочиле со ситуација да платат мито.