Илјадници луѓе вчера во Берлин демонстрираа против корона-мерките

Сподели

 

Илјадници луѓе, и покрај забраната, вчера во Берлин демонстрираа против корона-мерките.

Без оглед на забраната на повеќе демонстрации, меѓу кои и од таборот на скептичарите и корона негаторите, како и антиваксерите, околу 5.000 илјади луѓе излегоа вчера на улиците на Берлин, а во повеќе наврати дојде и до судири со полицијата, пренесува Дојче веле.

Според полицискиот портпарол Тило Каблиц, уапсени се околу 600 лица, најголем дел од учесниците на протестите не се придржувале кон пропишаните мерки за заштита против коронавирусот.

На протестите против рестриктивните корона-мерки во Берлин колабирал 49-годишен маж, кој потоа починал во болница.

DW