Претседателски избори во Бугарија на 14 ноември

Сподели

 

Бугарија ќе одржи претседателски избори на 14 ноември, одлучи денеска парламентот, во услови на продолжена политичка неизвесност во оваа балканска земја, пренесе РСЕ.

Претседателот Румен Радев, еден од најпопуларните политичари во земјата, изјави дека ќе се кандидира за нов петгодишен мандат за главно церемонијалната функција. Радев е поддржан од социјалистите и анти-естаблишмент-партијата ИТН.

Другите партии допрва треба да ги именуваат своите кандидати. Со поделен парламент кој не успеа да донесе влада од националните избори на 11 јули, Бугарите речиси сигурно ќе гласаат на нови парламентарни избори и во ноември.