Eдукативна интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари

Сподели

 

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ во недела (12 септември 2021 година) организира интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари. 
 
Во рамките на оваа прошетка преку интерпретација и гамификација (игри, загатки) сите посетители на оваа невообичаена едукативна тура ќе имаат прилика да се стекнат со искуство од прва рака, додека во живо ги посетуваат реконструираните домови од периодот на камено доба кои се опремени со покуќнина. Истовремено ќе можат да ги истражуват одблиску и предметите кои се реплики а се пронајдени токму на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“. На крајот на оваа прошетка најмладите ќе имаат можност да се забавуваат, изработувајќи по желба предмет од глина кој ќе можат да го понесат дома за спомен. Дополнително, секое дете до 14 години на поклон ja добива „Археолошката тетратка“ за млади истражувачи во издание на ХАЕМУС. 
 
 
Целта на „Едукативната тура низ Неолитското село „Тумба Маџари“ е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од праисторискиот период коешто несомнено оставило трага во колективната меморија на главниот град. Турата е дел од образовната програма „Млад истражувач“ создадена од ХАЕМУС. Оваа едукативна тура се организира под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР). Настанот е логистички поддржан од Град Скопје, Општина Гази Баба и компанијата ЕуроДанвест.