Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка. Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски.
Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија.
Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста.
Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка.
Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата.
Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.