Министерот Филипче поднесе оставка

Сподели

 

„Пред година и пол го регистриравме првиот ковид-случај во нашата земја. Од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспраентно, соопштувајќи ги сите – и добри и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, не останав должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните.

Последната трагедија во Тетово многу ме погоди многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа може да го опишат ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани, како лекар и министер имам интегритет затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, изјави министерот Венко Филипче на прес-конференција во Владата.