Цивилни авиони слетаа на пистите ден откако Меѓународниот суд ги отфрли тврдењата на Пекинг за сопственост над делови од Јужното Кинеско Море
ПЕКИНГ (АА) – Кина спроведе тестирање на летови со цивилни авиони на новите аеродроми на двата спорни гребена во Јужното Кинеско Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција „Чајна дејли“ денeс објави дека авионите вчера за првпат слетале на пистите на гребените Мејџи и Џуби – исто така познати како гребените Мисчиф и Суби (подводни гребени што се претворени во вештачи острови).
Тестирањето на летовите е спроведено ден откако Меѓународниот трибунал во Хаг пресуди дека тврдењата на Пекинг за сопственост над дел од областите на морето богато со ресурси нема законска основа во арбитражата побарана од Филипините, чии судски права се вели дека се нарушени од страна на Кина.
Кина, која долго настојуваше со тврдењето дека судот нема надлежност во врска со прашањата на суверенитетот и поморското разграничување, ја прогласи пресудата за неважечка.
Пекинг бара сопственост над околу 90 отсто од моретo, област назначена со таканаречената „линија на девет цртички” на кинеската официјална мапа, додека Филипините и другите азиски земји имаат сопствени тврдења за сопственоста.
Филипините тврдат дека им припаѓаат гребените Мисчиф и Суби.
„Чајна дејли“ денес објави дека новите писти од Кина до јужниот остров Хаинан на гребените, на оддалеченост од над 1.000 километри, скратија време на патување од 30 часа по морски пат, а до 2 часа по воздушен пат.
Кина во моментов има три аеродроми – третиот е на Јонгшу, или Огнен Крст, гребен достапен за комерцијалните авиокомпании на островите Нанша, исто така познати и како островите Спартли.
Кина го гради својот петти светилник на Спартли, во време кога Филипините и другите сојузници на САД алармираат за поморското проширување, кое сметаат дека претставува начин за проширување на воениот досег.
Во неделата, официјален претставник од Одделот за поморски прашања на Министерството за транспорт соопшти дека четири светилници – на гребенот Џуби, Јонгшу, Хуајанг и Чигуа се веќе во функција, додека изградбата на петтиот светилник на гребенот Мејџи е во тек.
Јужното Кинеско Море е една од најфреквентните бродски линии, за кое се верува дека лежи над големи нафтени полиња и резерви со гас, но Виетнам, Малезија, Брунеите и Тајван, исто така, ги сметаат одредени подрачја од водите, островите и од гребените во регионот за своја територија.