ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 5 до 25 степени.

 

 

Облачно и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до четврток. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 21:21 часот. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.